Годишната инфлација во еврозоната изнесува 2,2 отсто

11

Годишната инфлација во eврозоната, според прелиминарните процени, се зголемила од 2 % во август на 2,2 % во септември, објави „Евростат“.

Во услужниот сектор на eврозоната, во септември била забележана инфлација од 3,2 % на годишно ниво, што претставува забрзување во споредба со 3,1 % во август.

Цените на храната, алкохолот и на тутунот се зголемиле за 3 % на годишно ниво, со побавно темпо од 3,2 % во август, а цените на индустриските стоки, освен енергијата, за 0,8 % на годишно ниво, исто како и во август.

Покрај тоа, цените на енергијата во eврозоната се намалиле за 0,4 % на годишно ниво, со значително побавно темпо отколку во август, кога беше регистриран годишен пад од 2 %.

Годишната стапка на базична инфлација во еврозоната е 2,3 %, иста како и во август и најниска од јануари 2022 година, се додава во извештајот на веб-страницата на „Евростат“.

Во Германија, годишната инфлација во септември, мерена според хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (HICP), се искачила на 2,4 %, во Шпанија на 3 %, во Италија на 1,8 %, а во Франција на 1,1 %.

ИЗДВОЕНИ