Факултетот за арт и дизајн при Европски универзитет-Скопје и оваа година, традиционално, ќе ја реализира Годишната изложба на студентите од сите академски години. Отворањето на изложбата е во „Лабораториум“ (во халата на поранешната печатница во објектот на Европски универзитет), на 3 јуни, со почеток во 20:00 часот. Изложбата ќе ја отвори деканот на Факултетот за арт и дизајн Благојче Наумоски, кој ќе има свое обраќање, а ќе се одржи и мала модна ревија на студентите од моден дизајн.

– Од основањето во 2006 година досега, изминаа 19 години исполнети со многу креативност, нови сознанија и значајни достигнувања, па затоа и годинашната изложба за академската 2024/2025 година ја насловивме „19. приказна на ФАД“. Преку делата на студентите од графички, моден и ентериер дизајн, и овој пат ќе го покажеме процесот на креативен развој и создавање на професионалните профили од областа на дизајнот. Нашите дипломирани и магистрирани студенти, со кои се гордееме, успешно го применуваат стекнатото знаење во различни сфери и со тоа ја зацврстуваат позицијата на дизајнот како важна дисциплина во современиот свет. И оваа година, студентите од првиот и од вториот циклус ќе прикажат трудови и свежи достигнувања од редовните наставни активности, но и од учествата на конкурсите за дизајн, проектите, изложбите, модните ревии. Тие, преку своите дела, го отсликуваат светот околу себе, испраќаат моќни пораки против неправдите, ја подигаат свеста за одржливоста, екологијата, инклузијата, се борат за уметничка слобода. „Секоја донација е зрак светлина во темнина. За Кочани – со љубов и почит”.
https://supportkocani.com/– се вели во најавата за изложбата.

ИЗДВОЕНИ