За 9 месеци, годинава во земјава се влезени само 210 милиони евра странски директни инвестиции, што е значителен пад за истиот период лани, кога беа остварени преку 800 милиони евра инвестиции. Овој податок ги загрижува економските аналитичари, особено по рекордната 2024 година, кога странските инвестиции надминаа една милијарда евра.

Тие сметаат дека падот се должи на намален прилив на нов капитал, помала реинвестирана добивка и одливи по основ на меѓукомпаниски задолжувања. Странските компании кои работат во земјава се пожалија дека во земјава има недостаток на квалификувана работна сила, а сложената администрација и честите регулаторни промени го намалуваат интересот на инвеститорите да отпочнуваат или да прошируваат бизнис во земјата.

Сметаат дека се потребни поагресивни политики за подобрување на бизнис-климата, на стабилноста на правилата и на стимулите за нови инвестиции, затоа што ако продолжи падот на СДИ, тоа може негативно да се одрази врз вработувањето и врз економскиот пораст.

ИЗДВОЕНИ