Истражувањата покажаа дека продажбата на божиќни производи во Германија оди поспоро од минатата година, пред се поради порастот на цените.
Според анализата на апликацијата за споредба на цените „Смаагл“, чоколадниот „Дедо Мраз“ сега чини до 25 отсто повеќе од минатата година, а кај одредени брендови поскапувањето е уште поголемо.
Цената на „Дедо Мраз“ од 70 грама млечно чоколадо од познат бренд изнесува 3,99 евра, додека слични производи од други произведувачи чинат околу 2,99 евра, пишува „Шпигел“.
Поскаи се и другите сезонски слатки – божиќните колачи поскапеа за околу 25 отсто, а меденките и до 60 отсто.
Трговците објаснуваат дека малопродажните цени се во нивна надлежност, додека индустријата и понатаму е соочена со високите цени на какаото, кои двојно и тројно се поголеми отколку пред три години.
Според податоците на компанијата „NIQ”, продажбата на божиќни производи во Германија до средината на октомври паднала за речиси десет отсто во однос на минатата година, додека уделот на производи купени на намалување пораснал од 46 на 66 отсто.












