четврток, февруари 19, 2026
Дома МАГАЗИН Годината на Коњот носи порака за издржливост, солидарност и вредност: Споделена радост...

Годината на Коњот носи порака за издржливост, солидарност и вредност: Споделена радост за Пролетниот фестивал во Кина

30

Во атмосфера на радост и културна размена, Пролетниот фестивал ги обедини луѓето од различни земји што живеат и студираат во Кина. Странските студенти активно учествуваа во традиционалните обичаи, откривајќи ги длабоката симболика и современото значење на празникот. Меѓународното признание, вклучително и впишувањето на фестивалот на листата на нематеријално наследство на УНЕСКО, го потврдува неговото глобално влијание. Годината на коњот ја истакнува пораката за истрајност, солидарност и стремеж кон напредок. Преку духот на коњот во галоп, Кина ја нагласува својата решеност за развој и соработка со светот

Во екот на прославите за кинеската Нова година, странците што живеат во Кина се приклучија кон свеченостите не само како набљудувачи туку и како активни учесници во она што прерасна во глобален културен феномен.

Во музејот „Фенг Ѓицај“ при Универзитетот во Тјанџин, во северната кинеска општина Тјанџин, десетици меѓународни студенти се претопија во празничната атмосфера, опкружени со фенери и традиционални украси.

Кирана Весарачкити (лево) и Гао Нича од Тајланд позираат за фотографија во текот на настан по повод кинеската Нова година, во музејот „Фенг Ѓицај“ при Универзитетот во Тјанџин, во северната кинеска општина Тјанџин

Кирана Весарачкити од Тајланд согледа длабоко значење. Таа смета дека сликите на боговите чувари на вратите ја отелотворува надежта за заштита на домот, семејна хармонија и за оттурнување на злото за да се пречека среќата.

Откако се обиде да го напише кинескиот знак „фу“ (што значи среќа и благосостојба), индонезиската студентка Џеслин Беатрис Фаустина рече дека ја воодушевило „како беспрекорно коегзистираат древните традиции со современиот живот“.

Фенг Ѓицај е познат кинески писател и културолог. Музејот што го носи неговото име чува бројни културни реликвии и уметнички дела.

Странски студенти учествуваат на настан по повод кинеската Нова година, во музејот „Фенг Ѓицај“ при Универзитетот во Тјанџин, во северната кинеска општина Тјанџин

Во меѓувреме, во воз што патуваше од Нанчанг, во источната кинеска покраина Џијангси, кон Пекинг, се одржа сосема поинаква прослава. Осуммина студенти од различни земји им се придружија на железничките работници на „возна гала-вечер“, облечени во ханфу и носејќи деликатеси од своите родни места.

Во Нанинг, главниот град на јужната кинеска автономна област Гуангси Џуанг, мултијазична меѓународна гала-прослава за Пролетниот фестивал ги собра младите изведувачи од земји како Кина, Виетнам, Тајланд, Лаос и Индонезија. Настанот вклучуваше танц со лавови, прецизни уметнички исечоци од хартија и живописни ракотворби од џуанг-брокат.

Глобалното прифаќање на Пролетниот фестивал го одразува неговото сè поголемо меѓународно влијание.

Кон крајот на 2024 година, УНЕСКО го запиша „Пролетниот фестивал, општествени практики на кинескиот народ во прославата на традиционалната Нова година“ на репрезентативната листа на нематеријално културно наследство на човештвото.

– Заедничката потрага по повторно обединување, обновување и надеж низ различните цивилизации го направи Пролетниот фестивал меѓукултурен, пренослив и емпатичен „светски јазик“ – изјави Ванг Руотонг, истражувач на Универзитетот за странски студии во Тјанџин.

Додека земјата со 1,4 милијарди жители го слави традиционалниот Пролетен фестивал, Годината на коњот го става овој иконски симбол во центарот на глобалното внимание. Коњот, популарен симбол во кинеската култура, не претставува само брзина туку и истрајност и непокорлива волја за надминување на предизвиците.

За вистински да се разбере пулсот на Кина во 2026 година, може да се разгледа метафората на коњот во галоп: уникатен дух на стремеж што ги комбинира амбицијата со трпеливоста, колективната цел со индивидуалната истрајност и континуираниот напредок со одржливоста.

Умар Сулејманов, 26-годишен студент од Таџикистан на Универзитетот „Нанкаи“, снима видео на традиционалниот саем во Џичжоу, во северната кинеска општина Тјанџин

Денес, овој етос е опиплив во целата земја. Се гледа кога инженерите ја унапредуваат технологијата на брзите железници за да ги поврзат оддалечените региони кога руралните претприемачи ја користат е-трговијата за да ги оживеат своите родни места и кога младите научници неуморно работат во лабораториите за да постигнат технолошки напредок.

Популарна кинеска идиома поврзана со коњот е „ји ма данг сјан“, што значи „да галопираш напред или да го преземеш водството“. Се поистоветува со тоа дека во време на глобална економска неизвесност и длабоки трансформации, Кина ја презеде водечката улога во многу клучни области.

Во статија на списанието „Форчун“ неодамна беше споделена позитивна перспектива за Кина во 2026 година, наведувајќи дека „она што ги привлекува компаниите во Кина — обемот, иновациите и глобалното влијание — останува подеднакво привлечено како и досега“.

Годината на коњот е повик за истрајност, храброст и за единство. Во Кина се смета дека иако патот напред, можеби, нема да биде рамен, духот на коњот во галоп секогаш ќе ја движи нацијата напред.

 

ИЗДВОЕНИ