Популарниот македонски пејач Гоце Пејковски сосема го смени имиџот, па по еден настап од многуте летово, сподели во кусо „стори“ заедничка летна фотографија со својата популарна и омилена колешка, Елена Велевска. Гоце веќе нема опавче и долга коса, сега е кратко потстрижан, па многумина што го имаат видено, велат дека изгледа попристојно.                                                                                                                 – Редно беше да си ја потстрижам косата, особено откако фатија горештините. Кратката коса е спас на овие плус 50 степени. Максимално олеснување! За опавчето по кое ме препознаваат повторно ќе размислам кога ќе дојдат на ред снегот и зимата, вели Гоце.

Со промената на имиџот се согласува и неговата колешка, Елена Велевска. Сепак, таа не ја потстрижа косата, но успеа да се заштити од жештините собирајќи ја залижаната коса, зашто, како што вели, така ѝ е најлесна за одржување. Потоа може и да ја распушти врз рамената, за потребите на една фотосесија.

И кога настапува додека пее и кога не е на сцената додека се одмора, Елена е заводлива. Фановите ги враќа во живот не само со песната туку и со својот атрактивен сексапилен физички изглед. Како изгледа Елена ова лето во еротски црвен фустан со длабоко деколте и длабок шлиц, може лесно да се види од нејзините прекрасни фотографии. Вистина е дека таа и понатаму важи за една од најзгодните Македонки на нашата естрада.                                                                                                            Кај Гоце и Елена, освен сликата, заедничко им е и тоа што кај и да настапуваат, обожавателите бараат место повеќе. Секогаш кога се вака двајцата, ним им е посвежо. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ