Гоца Тржан фатена со љубениот Раша на охридските плажи – двапати блесна на прославата на 10-годишнината од брачниот живот

95

Провокативната српска поп-рок пејачка, Гоца Тржан, и нејзиниот втор сопруг, Радомир Новаковиќ-Раша, прославија 10 години од брачниот живот. Еден дел од тоа славење им беше летово, во нашиот Охрид, особено кога беа фатени на плажите во интимни моменти, од папараците. Познато е дека двајцата го сакаат Охрид, во кој често доаѓаат – и приватно и службено. Гоца имаше и настап, мини концерт, но беше видена и на „Охрид-фест“, зад сцената. Другиот и позначаен дел од прославата се одржа во еден белградски ресторан, во присуство на родителите на Гоца, сосе нивните најблиски пријатели.

Гоца блесна во ресторанот, облечена во фустан во крем-боја. Притоа изјави:

– Точно пред десет години на овој ден. Речиси никој не ни даде ни три години, а дури и 10 години мене ме воодушевуваат. Да ме издржиш вака каква што сум, хиперактивна, заслужува восхит. Само оној што вистински ме сака, може да ме разбере ваква кусонога, лута и емотивна.

Притоа, таа првпат откри дека со Раша, сè на сè, се вкупно 14 години во љубов. (Д.М.)

ИЗДВОЕНИ