Една од ѕвездите во НБА, Французинот Руди Гобер, е на насловните страници на голем број американски спортски медиуми, бидејќи, како што пишуваат, ја исфрлил својата бремена девојка на улица, заедно со нивниот едногодишен син.
ТМЗ прв ја објави веста, тврдејќи дека девојката на кошаркарот на Минесота, Јулија Бонила, била принудена да го напушти нивниот дом со нивниот едногодишен син и дека е бремена. Потоа таа објави емотивна порака со која навидум ја потврди веста.
Претходно беше објавено дека тој ја замолил да го напушти нивниот заеднички дом, но не е познато дали заминала, каде се преселила.
- Јулија и јас поминуваме низ болен процес на преиспитување на нашата врска како родители. Да се биде татко е едно од најдлабоките и најзначајни искуства во мојот живот. Тоа е една од моите најважни животни цели, засекогаш. Целосно сум посветен на поддршката за благосостојба на сите луѓе што ги сакам. Ги молам сите да се воздржат од шпекулации и да ја почитуваат нашата приватност во овие тешки времиња – напиша Французинот.
Гобер и Бонила го имаат синот Роман, кој наполни една година. Таа е повторно бремена, а последен пат беше видена на натпревар на Минесота, на 13 април. Токму откако открила дека е повторно бремена, работите тргнале на полошо.
Иако сакала да се врати во Франција по раскинувањето, Гоберт сакал таа и детето да останат во САД, со надеж дека ќе можат да постигнат пријателски договор за заедничко родителство откако ќе заврши сезоната.
Таа ја објави пораката на „Инстаграм“, но подоцна ја избриша.
- Поминувам низ еден од најтешките периоди во мојот живот. Се чувствувам изолирано, далеку од моето семејство и од пријателите. Руди беше љубовта на мојот живот. Оставив сè за него. Му дадов дете и ѝ го посветив целото мое срце на таа врска. Кога го критикуваа и навредуваа, јас бев тука за него. Секогаш го избирав него. И покрај сè низ што поминав, решив да го заштитам неговото име заради нашите деца. Никогаш не му бев неверна – истакна девојката.
Сега може само да се шпекулира дали го изневерила или направила нешто што не можел тој да го преболи.