
На само 16 години, Ламин Јамал се најде во првиот тим на Барселона, а неодамна наполни 18 години и веќе е еден од најдобрите во светот и меѓу многуте сериозен кандидат за „Златната топка“.
Како 16-годишник играше и за Барса и за сениорската шпанска репрезентација, а минатата сезона блескаше како движечка сила на каталонскиот гигант со кој освои сè освен Лигата на шампионите.
За Јамал многу се пишува, на крајот на краиштата, тој е момче кое може да биде најдобар во светот со години, но привлекува внимание и со своите активности надвор од теренот. Познато е дека имал афери со неколку многу постари девојки, и дека имал луксузен роденден во јули, а сега е откриено дека ја поминал ноќта со познатата аргентинска пејачка.
Познатиот новинар во Шпанија, Хави Де Хохос, изјави дека на 24 јули Јамал бил виден како се бакнува со Ники Никол во дискотека и дека двајцата биле заедно до 4 часот наутро, постојано прегрнувајќи се и бакнувајќи се.
Новинарот не понуди никакви докази или факти, туку само се повика на „извор“ на кој целосно му верува и кој „никогаш не го разочарува“.
Никол, чие вистинско име е Никол Дениз Куко, е аргентинска раперка, пејачка и текстописец. Родена во Росарио, таа стекна популарност во Шпанија со сингловите „Вапо Тракетеро“, „Колокао“, „Мамичула“, „Мала Вида“ и „Марисола“.
Овој настан се случи неколку дена по познатата роденденска забава на Јамал, каде што беше поканета и 24-годишната Ники Никол.
Аргентинката е познато име за врски со фудбалери, биејќи претходно се шпекулираше дека имала врска со аргентинскиот играч од средниот ред Енцо Фернандез, што доведе до негова разделба од партнерката.
Јамал имаше извонредна сезона за Барселона, постигнувајќи 18 гола со 25 асистенции на 55 натпревари, а со Шпанија го освои ЕП 2024. Со Барселона играше во полуфиналето на Лигата на шампионите, ја освои Ла Лига, Купот на кралот и Суперкупот на Шпанија.
Неговата пазарна вредност се проценува на 200 милиони евра, а кога неодамна наполни 18 години, потпиша огромен договор со Барса кој го обврзува до 2031 година.