Легендарниот Формула 1 возач и еден од најдобрите во историјата на овој спорт, Михаел Шумахер, повеќе од една деценија не се виден во јавноста, поточно откако доживеа ужасна несреќа на скијање. Оттогаш, малку се знае за неговото здравје, првенствено затоа што семејството умешно ја заштитува приватноста на Шумахер и само неколку пријатели го виделе од несреќата, додека тој е придружуван од приватен персонал секој ден. Тие потпишувале посебни документи за заштита на семејството, но…
Германската полиција најпосле го уапси и третото лице обвинето за уценување на семејството Шумахер со фотографии и видеа од Михаел. Претходно, татко и син „паднаа“, додека сега 52-годишникот е приведен во близина на Вупертал, град во западна Германија, кој инаку работел како обезбедувач во вилата на Шумахер.
- Истражителите ја претресоа куќата на човекот и ги конфискуваа сите негови мобилни телефони, хард дискови и други работи, соопшти германската полиција, која не го откри името на осомничениот.
Таткото и синот, кои прво беа уапсени, побараа неколку милиони евра од семејството за да не ги објават фотографиите и снимките од Михаел Шумахер на интернет, а за да знаат дека се сериозни во намерите – прво испратиле докази до неговата сопруга Корина. Третиот уапсен наводно стоел зад целата „операција“ и претходно имал задача да се справи со дигитални семејни фотографии, кои ги злоупотребил и сега се соочува со потенцијална затворска казна до пет години.
Инаку, Михаел Шумахер ја удри главата во карпа за време на скијање во 2013 година, по што беше ставен во индуцирана кома повеќе од осум месеци. Тој беше префрлен во семејниот дом во Швајцарија, во кој никој освен најблиските пријатели и семејство, како и специјален тим лекари, не смеел да влезе. Дури имало и обиди тајно да се фотографираат со Михаел Шумахер и да се продадат на медиумите, што секако наиде на жестоки реакции од семејството, а неодамна едно списание беше строго казнето за сличен обид да добие ексклузива.











