Во светот на фудбалот сме виделе секакви награди, но количка со компири е нешто сосема ново. Имено, францускиот дефанзивец Максим Соулас стана главна ѕвезда во цела Европа, изминатиов викенд.

Неговите настапи за данскиот тим од Суперлигата, Сондерјиске, не останаа незабележани, а тој беше прогласен за најдобар играч на натпреварот против Нордсјеланд. Сондерјиске славеше со 3:2, а Соулас доби комична награда.

Она што следуваше беше нешто што никој не можеше да го замисли ниту во најлудите соништа и сето тоа предизвика голема смеа кај присутните.

Имено, како подарок за одличната игра, Максим доби, ни помалку ни повеќе, точно 55 килограми компири! Наградата беше од спонзорот на натпреварот, туристичката агенција „Groundhoppingotours“. Оваа агенција е позната по промовирањето на фудбалската култура.

Фотографијата со Соулас со количка полна компири брзо стана вирална, а навивачите на шега велат: „Нема да му недостига помфрит“ и „Целиот тим јаде кај него“.

Соулас го постигна првиот гол за својот тим на гореспоменатиот натпревар. Сондерјиске стигна до триумф во последните минути од натпреварот, поточно во судиското продолжение.

 

 

ИЗДВОЕНИ