Брачен пар беше уапсен денеска во Солун, откако полицајците слушнале плач на бебе од балконот на станот на четвртиот кат за време на ноќната патрола.
Истрагата утврдила дека родителите го оставиле своето 11-месечно бебе само на балконот во текот на ноќта, додека тие и уште три деца спиеле внатре, со затворена врата од балконот, објави „Катимерини“.
Родителите, на возраст од 35 и 36 години, инаку бугарски државјани, беа изведени пред обвинител и се соочуваат со обвиненија за загрозување на малолетно дете. Тие наводно ѝ рекле на полицијата дека го оставиле бебето надвор „за да се олади“. Социјалните служби се известени и започната е истрага за условите за живот на другите три деца, пренесува Танјуг.