Го одбележуваме Денот на народното востание – 11 Октомври

85

Со свечена академија, положување цвеќиња и доделување државна награда, и годинава традиционално ќе биде одбележан Денот на народното востание – 11 Октомври.

Државната награда „11 Октомври“, која ќе им биде врачена на добитниците на 11 Октомври, во 12:00 часот, во македонското Собрание, е највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и на другите дејности од јавен интерес на Македонија.

Актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка проф. Летка Димовска-Полизова и продуцентот и промотор на македонската уметност, Иво Јанкоски, се годинашни добитници на наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста.

За животно дело во областа на науката и образованието, наградата годинава им се доделува на машинскиот инженер проф. д-р Константин Димитров и на хемичарот и академик Глигор Јовановски.

Претседател на Одборот за државната награда „11 Октомври” годинава е проф. д-р Светозар Антовиќ.

ИЗДВОЕНИ