Го нудам Белград како место за дијалог за сите светски конфликти рече Вучиќ во обраќањето во ОН

110

Сакам да го понудам Белград како место за дијалог за сите светски конфликти, рече српскиот претседател Александар Вучиќ во своето обраќање на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

– Светот се соочува со најголемото насилство од крајот на Втората светска војна. Ширењето дезинформации поттикна недоверба меѓу земјите, рече тој на почетокот од своето обраќање.

Во долгиот говор тој посочи дека Србија се темели на „пет основни принципи“ што ја водат „нејзината визија за надворешна политика и цврстите столбови на нејзината меѓународна политика“.

– Прво, Обединетите нации не се реликт од минатото, туку компас за иднината. Земји како нашата, кои му припаѓаат на глобалниот југ, често се третираат како шаховски фигури и време е да покажеме дека можеме да бидеме иноватори. Можеби не сме најгласни, но честопати имаме најјасна визија бидејќи ги гледаме и Истокот и Западот истовремено. Нашиот ангажман со сите партнери се заснова на почитување на суверенитетот и автономниот интегритет и на верувањето дека дијалогот е посилен од поделбата, истакна тој.

ИЗДВОЕНИ