Во 2021 година, кога Лионел Меси веќе не дел од каталонскиот гигант Барселона, се случи преседан.
Имено, тогаш Ансу Фати го доби дресот со број 10 и со тоа се додаде тежина на зборовите дека репрезентативецот на Шпанија ќе биде наследник на аргентинскиот „магионичар“.
Сепак, овој 22-годишник никогаш не ги оправда дадените епитети и се соочи со големи проблеми околу повредите.
Медиумите во Шпанија сега пишуваат дека раководните лица на Барселона го изгубиле трпението и се уморни од чекање Ансу Фати најпосле да го демострира целиот свој потенцијал.
„Барса Универзал“ објави дека за него има интерес од Саудиска Арабија, што не е чудно со оглед на тоа што оваа земја сега купува и ѕвезди и помалку познати играчи. Претходно, интерес за неговите услуги покажа и предводникот на турскиот суперлигаш Фенербахче, Жозе Мурињо.
Но, она што е интересно во изјавите на споменатите медиуми е дека Барселона би го пуштила дури и бесплатно, само за да се ослободи од него.
Наводно, Барселона не мисли дека може да добие многу за неговото обештетување, а мотивот секако им е да се ослободат од неговата плата, која создава сериозен проблем кога е во прашање финансискиот фер-плеј.
Поради него Барселона е во големи проблеми и двајца важни играчи во јануари би можеле бесплатно да го напуштат клубот.