Осомничениот за убиството на двајца вработени во Амбасадата на Израел пред Еврејскиот музеј во Вашингтон е идентификуван како 30-годишниот Елиас Родригез од Чикаго. Осомничениот откако бил уапсен го признал делото, велејќи дека „тоа го направил за Газа“, пренесува ABC News.
Нападот се случил додека двајца работници го напуштале настанот во музејот.Според официјални лица, напаѓачот пукал во нив од непосредна близина, а жртвите, маж и жена, починале на лице место.
Една од жртвите била во критична состојба пред да почине во болница.
Напаѓачот откако го извршил нападот се обидел да влезе во зградата на музејот, преправајќи се дека е очевидец, но бил спречен од обезбедувањето.
Според началникот на полицијата во Вашингтон, Памела Смит, осомничениот го признал делото по апсењето, а на сослушувањето рекол дека пукал „за Палестина“.