Поранешниот француски тенисер, Лионел Ру, изјави дека на почетокот не можел да го поднесе Србинот Новак Ѓоковиќ, но низ годините неговото мислење се променило и сега има максимална почит за најтрофејниот тенисер во историјата.
Французибот вели дека го мразел Ѓоковиќ поради неговите нескромни изјави во минатото и сметал дека нема никогаш да стане голем тенисер.
„Мислев дека тоа момче никогаш нема да стане голем тенисер. Даваше надмени изјави на почетокот на кариерата, но не делуваше квалитетно ниту на терените. Ја мразев неговата појава, не можев да го поднесам.
Како минуваа годините, тој ми го промени мислењето. Прерасна во вистинска спортска икона и стана најдобар во историјата. Мислам дека никој не можеше да го предвиди неговиот успех. Му посакувам само најдобри нешта“, рече Ру.
Ѓоковиќ во моментов се натпреварува на Вимблдон, каде се бори за јубилејната 25-та титула од грен – слем турнирите.