„Го градам мојот град“ во ДКЦ „Карпош“

16

Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално и оваа година ќе го прослави празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје со манифестацијата  „Го градам мојот град“, на која учесници се децата од предучилишните установи од Скопје. 

Манифестацијата ќе се одржи в четврток, во просториите на Детскиот културен центар „Карпош“,  од 10:00 до 11:00 часот.

Од детскиот културен центар „Карпош“ соопштија дека манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и со неговото значење.

– На овој ден, децата од скопските градинки, по свој избор, од различни природни и други материјали, ќе прават објект – макета на некое значајно обележје на Скопје. Токму затоа постои манифестацијата „Го градам мојот град (Скопје)“, која ги поттикнува најмладите да го сакаат и да го чуваат својот град  –  нагласуваат  од ДКЦ  „Карпош“.

 

ИЗДВОЕНИ