
Реал (М) ќе направи вистинско „чистење“ во соблекувалната ова лето бидејќи веќе е познато на кои играчи Чаби Алонсо нема да смета. Раководните лица сакаат што побрзо да се ослободат од еден од нив, а тоа го покажува и цената што Флорентино Перез ја постави за него.
Откако го презеде Реал (М), Чаби Алонсо реши да го искористи Светското клупско првенство за да одлучи кои играчи ќе му бидат потребни за новата сезона, а кои ќе можат слободно да го напуштат клубот.
Уште пред да пристигне Алонсо, беше јасно дека некои искусни играчи чии договори нема да бидат продолжени ќе го напуштат клубот на лето, а очигледно е дека ќе има некои што „кралскиот клуб“ ќе сака да ги продаде што е можно поскоро.
Шпанските медиуми објавуваат дека еден играч е на врвот на таа листа, а тоа е францускиот дефанзивец Ферланд Менди.
Французинот беше платен 50 мил. евра од Реал (М) кога пристигна од Лион пред шест години, и се очекуваше дека тој ќе биде долгорочно решение на позицијата лев бек, но тоа не се случи.
Престојот на Менди во Реал (М) во последните шест години беше обележан со чести повреди, не добри настапи, и не е изненадување што „кралевите“ одлучија да го продадат ова лето.
Алонсо исто така рече дека не му е потребен Менди бидејќи моментално е надвор од игра поради повреда, и дека на таа позиција го има Фран Гарсија, кој импресионираше на досегашните натпревари од Светското клупско првенство.
Реал сака да го доведе и Алваро Карерас од Бенфика, а договорот треба да биде официјализиран во наредните недели.
Колку Реал сака да се ослободи од Менди најдобро покажува фактот дека Перез поставил цена за него и е подготвен да го пушти за само 10 мил. евра, што е значително помалку од бројката за која беше доведен Французинот.
Сепак, Менди одигра само 201 натпревар за шест години и пропушти уште многу поради повреда, па Реал (М) повеќе нема трпение за тоа и верува дека секој треба да си оди по свој пат. Менди има договор со Реал уште три години и проблемот за Реал е што нема голем интерес на пазарот за овој 30-годишник.