Групата „Независни за Карпош“ алармираше за ситуацијата со бездомните кучиња и формираните глутници во Општината, која ескалира и се заканува да го загрози јавниот ред и безбедноста на граѓаните. Тие нагласуваат дека проблемот бара итна реакција и предлагаат формирање кризен штаб во кој ќе учествуваат општински службеници, претставници на Град Скопје, лица од МВР, Агенцијата за храна и ветеринарство, организации како „Лајка“ и ветеринари активни на терен.

– Кучињата што се идентификувани како донесени од други општини или држави, да се вратат назад, а чинителите да бидат санкционирани со помош на МВР и камерите на „Безбеден град“ – наведуваат од „Независни за Карпош“.

Тие дополнително бараат проверка на видеоснимките од веќе пријавените денови и локации каде што се истоварени кучиња, со цел да се даде јасен извештај за преземените мерки. Групата предупредува дека доколку не се преземат итни чекори, проблемот со бездомните кучиња може да се продлабочи, со последици за безбедноста на жителите и за животната средина во Општината.

ИЗДВОЕНИ