Глобалните температури постојано растат, а побарувачката за климатизација ширум светот би можела да се зголеми тројно до 2050 година, според извештај објавен денес од Институтот за економски истражувања IFO со седиште во Минхен.
Експертите истакнуваат дека без итни и координирани мерки, климатските промени не само што ќе предизвикаат повеќе топлина, туку и подлабока енергетска нееднаквост.
Денес, само 27 проценти од домаќинствата ширум светот имаат пристап до климатизација. До средината на векот, таа бројка би можела да се зголеми на 55 проценти, но распределбата нема да биде рамномерна.