Организаторите на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028 година сакаат да им понудат на гледачите уникатно решение за избегнување на сообраќајните метежи – летачки такси!
Организацискиот комитет на Игрите објави партнерство со американската компанија Archer Aviation, која планира да користи флота од електрични авиони за превоз на навивачите до и од олимписките објекти за време на Олимписките и Параолимписките игри.
Компанијата сè уште чека сертификација од Федералната администрација за воздухопловство на САД, што е клучно за комерцијална употреба. Сепак, ако сè оди според планот, летовите би можеле да траат од 10 до 20 минути и би ги поврзале главните олимписки локации во регионот.
Летот би се нарачал преку апликација, а целта – според основачот Адам Голдштајн – е да се револуционизира транспортот во Лос Анџелес и да се остави траен белег врз транспортната иднина на САД.