четврток, октомври 15, 2026
Дома СВЕТ Главниот уредник на „Новаја Газета“ приведен по претрес на неговата куќа

Главниот уредник на „Новаја Газета“ приведен по претрес на неговата куќа

22
EPA/YURI KOCHETKOV

Главниот уредник на рускиот независен медиум „Новаја Газета“, Сергеј Соколов, беше приведен денес во Москва, а неговиот дом беше претресен, соопшти неговата канцеларија.

Руската новинска агенција ТАСС објави дека Соколов е испрашуван во притвор во рамките на истрага за „нелегална употреба на лични податоци“.

Соколов е однесен во државниот Истражен комитет, соопшти канцеларијата, додавајќи дека таму е испратен адвокат, објави Ројтерс.

Русија ги заостри законите за цензура и го зголеми притисокот врз независните медиуми откако ја започна војната во Украина во 2022 година, а меѓународната организација „Репортери без граници“ тврди дека 50 новинари и други медиумски работници се во руски затвори.

„Новаја Газета“ е основана во 1993 година и е позната по своите истраги за корупција и критичко известување за руската политика.

Еден од нејзините новинари, Олег Ролдугин, беше уапсен во април под обвинение за злоупотреба на лични податоци, за што се соочува со 10-годишна затворска казна.

Поранешниот главен уредник на „Газета“ Дмитриј Муратов ја додели Нобеловата награда за мир за 2021 година и им ја посвети на шестмина свои колеги кои беа убиени поради нивната работа.

ИЗДВОЕНИ