Првиот човек на Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), Томица Главчев, е оптимист и верува дека репрезентацијата оди во вистинска насока кога се во прашање пласманот на големите континентални собири.

  • Убедени сме дека со својот квалитет и знаење ќе придонесе за консолидирање на репрезентацијата. Со новиот селектор Берокал ќе работи и нашиот Ѓорѓи Кочов, што ќе биде одличен баланс за предизвиците што не очекуваат. Значајна улога ќе има и директорот Владо Илиевски, кој веруваме ќе придонесе на стабилен и долгорочен систем. Пред нас се сериозни предизвици, но и можност дека со заедничка работа ќе можеме да ја вратиме нашата репрезентативната кошарка на патеките кои заслужува да се движи, изјави Главчев.

Првиот човек на макбаскетот најави дека договорот со новиот селектор е повеќегодишен и изјави дека би можел да биде бесконечен, секако ако има резултати.

ИЗДВОЕНИ