Во Косово се одржаа локални избори, каде што беа избрани лидери во 38 општини.
До 19 часот гласале 39,16 проценти од гласачите, а најголема излезност е забележана во српските области, пренесува „РТС“.
ЦИК објави дека броењето на гласовите за кандидатите за градоначалници ќе започне вечерва, а за советниците утре. Право на глас имаа 2.069.000 граѓани.
Во најголемата изборна единица, општина Приштина, излезноста е 46,51 отсто.