Младата и исклучително талентирана Тина Русева го освои првото место на престижното меѓународно музичко натпреварување „The Voice of Europe 2025“. Во конкуренција со учесници од повеќе европски земји, Русева успеа да се издвои и да стигне до самиот врв на натпреварувањето и со својот моќен вокал, сценски настап и длабоко емоционална интерпретација, освои високи оценки од жирито и публиката.
Русева кон крајот на минатата година одлично се претстави на The Voice of Germany кон крајот на минатата година и успеа да се квалификува за финалето на The Voice of Europe каде што го освои првото место.
View this post on Instagram
The Voice of Europe е онлајн натпревар на кој Тина се квалификува благодарение на многуте гласови од нејзините фанови и поддржувачи. Иако не победи во The Voice of Germany, талентот на Тина не остана незабележана и од шесте натпреварувачи кои влегоа во финалето на The Voice of Europe, таа го освои првото место.
Гласањето се одвиваше онлајн, преку Инстаграм, каде Тина успеа да собере над 40.000 гласови во период од 24 часа. Односно како што сподели и самата – има најмногу гласови од публика.
Фановите гласаа со „лајк“ на видеото од првиот настап на Тина на The Voice of Germany, кога ја испеа Do it Like a Dude од Џеси Џеј – изведба за која многумина коментираа дека и подобра од оригиналот.
View this post on Instagram
Натпреварувачите добиваа поени според бројот на онлајн гласови, како и поени од жири комисија. Тина го освои првото место со вкупно 2.000 поени.
Победата на „The Voice of Europe 2025“ е нова врата кон меѓународната сцена – и почеток на една убава музичка приказна што допрва ќе се раскажува.
View this post on Instagram












