„Црвениот килим“ на годинешното отворање на 78. Канскиот филмски фестивал беше повеќе од впечатлив. Иако непосредно пред церемонијата беше донесен нов дрес-код со одредени прописи на облекување, со кои меѓу другото се забрануваат „разголени“ волуменозни фустани, како и фустани со долг шлеп“, сепак повеќето од вечерните тоалети беа толку гламурозни што на еден или друг начин ги прекршија правилата.

Така, кинеската актерка Ван Ќианхуи носеше еден од највпечатливите фустани, кој всушност беше целосно во спротивност со новиот дрес-код на фестивалот. Таа позираше во огромен бел фустан сличен на облак, кој беше без прерамки, косата ја имаше собрано во ниска пунџа, а изгледот го надополни со долги сребрени обетки.

Ван Кианхуи

Иако нејзиното модно издание беше мошне пристојно, тоа беше во спротивност со новиот кодекс на облекување. Покрај тоа, Филмскиот фестивал воведе и кодекс на облекување за пристојност и скромност, со кој се забрануваат фустани што го попречуваат правилниот проток на гостите и го комплицираат седењето во киносалите – уште едно правило што нејзиното облекување го прекршува.

Впечатливи вечерни фустани кои исто така пркосеа на новиот дрес-код завчеравечер на црвениот килим имаа и бразилската манекенка и модел Алесандра Амбросио, топ-моделот Хајди Клум, манекенката Ирина Шајк, како и Фархана Боди, ѕвездата на шоуто „Дубаи Блинг“.  Годинава таа беше облечена во фустан од либански дизајнер.

Фото:ЕПА-ЕФЕ

 

Легенди:

  1. Хајди Клум
  2. Ирина Шајк
  3. Фархана Боди
  4. Алесандра Амбросио

ИЗДВОЕНИ