Гинеколог од Бонвил, во департманот Горна Савоја, во источна Франција, е осуден на 10 години затвор и доживотна забрана за вршење медицина за силување на девет пациентки, објавува BFM TV, пренесе „Танјуг“.
Вкупно 30 жени поднесоа жалби против 60-годишниот лекар кој, и покрај тоа што го негираше тоа, беше прогласен за виновен за силување на девет од нив, изјави адвокатката Орели Закар, која застапува неколку од оштетените страни. Жените, меѓу другото, поднесоа жалби за „вагинални масажи“ што гинекологот наводно ги извршил како неопходен третман за пациенти со ретровертирани матки.
Адвокатите на одбраната побараа ослободителна пресуда. Осудениот доктор ќе биде притворен и има 10 дена за жалба.