FOTO - EHF

Матиjас Гидсел ја водеше Данска до финалето на Европското првенство (ЕП), а со неговиот голгетерски придонес го мина поранешниот македонски ракометар Кирил Лазаров на листата на голгетери на еден евро-шампионат.

Гидсел постигна седум гола на натпреварот против Исланд и така дојде до бројката од 61 гол со кој се искачи на второто место на листата на стрелци на едно Европско првенство. Кирил Лазаров постигна 61 погодок на ЕП 2012 во Србија.

По мечот за петтото место, израмнет со Кирил Лазаров е и Португалецот Франциско Кошта кој шампионатот го заврши со 61 постигнат гол. Лидер на листата е Сандер Сагосен. Норвежанецот даде 65 гола на Европското првенство во 2020 година.

Гидсел до крајот на ЕП 2026 има уште еден натпревар, тоа е финалето, па веројатно ќе падне рекордот на Сагосен поставен пред пет години. Од сенка на голгетерската листа гледа и Симон Питлик, кој на овој шампионат има 56 гола и со перфектно финале може исто така да стане рекордер.

Листа на стрелци, најмногу голови на едно ЕП:

65 – Сагосен (Норвешка, 2020)

61 – Лазаров (Македонија, 2012)

61 – Гидсел (Данска, 2026)

61 – Ф. Коста (Португалија, 2026)

59 – Магнусон (Исланд, 2022)

58 – Стефансон (Исланд, 2002)

ИЗДВОЕНИ