Израелскиот министер за надворешни работи, Гидеон Сар, испрати писмо до Советот за безбедност на Обединетите нации во кое тврди дека Иран има „стратешки план“ за елиминирање на Израел, велејќи дека неговата земја е решена да се одбрани.
„Иран има стратешки план да го уништи Израел. Израел не може и нема да ја прифати заканата од истребување“, напиша Сар на платформата X, објавувајќи копија од писмото, пренесува CNN.
Израелскиот напад врз Иран, напиша Сар во писмото, беше започнат по клучен развој на настаните во нуклеарната програма на Иран, а имаше и за цел да спречи непосредна закана од дополнителни ирански ракетни и посреднички напади.
Одлуката за напад е донесена „како последно средство“, се вели во писмото од израелскиот министер за надворешни работи.
Израел и Иран разменуваат ракетни и беспилотни летала веќе речиси една недела, откако Израел изврши ненадеен напад во кој загинаа неколку високи ирански функционери, во обид, според него, да го спречи Техеран да развива нуклеарна програма.