четврток, февруари 12, 2026
Дома СВЕТ „Ги убивте нашите деца, монструми“: Огорчени родители ги нападнаа сопствениците на барот...

„Ги убивте нашите деца, монструми“: Огорчени родители ги нападнаа сопствениците на барот на смртта во Швајцарија/ВИДЕО

167
EPA/JEAN-CHRISTOPHE BOTT

Џесика Морети, сопругата на сопственикот на клубот „Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, денеска заедно со својот сопруг Жак, се соочи со роднините на жртвите пред канцеларијата на јавниот обвинител во Сион, каде што таа треба да биде испрашана во рамките на истрагата за пожарот во новогодишната ноќ во кој загинаа 41 лице, а 115 беа повредени.

Кога Жак и Џесика Морети пристигнаа во канцеларијата на обвинителот во Сион, на четвртиот ден од судењето, на влезот ги пречекаа десетици ожалостени родители и роднини на младите луѓе кои починаа во барот на смртта во Кран Монтана. Тие беа облечени во маички со фотографии од нивните починати најблиски. Пристигнувањето на брачната двојка Морети предизвика тензии, додека членовите на семејствата на жртвите ги чекаа пред зградата, извикувајќи: „Ги убивте нашите деца“ и „Погледнете ме во очи“, пренесе „Фигаро“.

Адвокатите на обвинетите и обезбедувањето интервенираа за да ги разделат семејствата, новинарите и осомничените.

„Тоа беше вистинска толпа. Морети речиси и да немаа никаква заштита кога избувна гневот на семејствата. Сите ги нападнаа сопствениците, кои беа притиснати до ѕидот на зградата и не можеа да избегаат“, изјави новинар од местото на настанот за весникот „20 минути“.

 

Огорчените родители ги навредуваа додека Морети се криеја зад адвокатите. Еден родител, плачејќи, извика: „Го убивте мојот син, убивте 40 луѓе, ќе платите за ова!“

Џесика Морети, изгледаше како да е на работ на солзи додека се пробиваше низ толпата. Братот на еден од загинатите, Тристан (17), наводно се обидел да ја шутне откако постојано ја замолувал да го погледне во очи.

Мајката на Тристан, Винсенцијан Стаки, изјави за локалните медиуми: „Ниту ќе простиме ниту ќе заборавиме“.

Парот, кој ја обвинува келнерката која загина во пожарот, е под судски надзор по трагедијата во клубот „Le Constellation“ во скијачкиот центар Кран-Монтана.

ИЗДВОЕНИ