сабота, февруари 14, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Ги „маскирале“ таблиците за да не ги „уловат“ камерите на „Сејф сити“...

Ги „маскирале“ таблиците за да не ги „уловат“ камерите на „Сејф сити“ – полицијата ги уапси

843
Фото: МВР

Две лица се лишени од слобода во рамки на засилена акциска контрола спроведена од полициски службеници на СВР Скопје на подрачјето на Центар и Бит Пазар, со цел одржување на поволна безбедносна состојба во централното градско подрачје.

Како што информира полицијата, лишени од слобода се С.С. и М.А., кои управувале патнички возила „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, поради основано сомнение дека сторија кривични дела поврзани со прикривање на регистарските ознаки.

На 13/14.02.2026 во периодот од 19:00 часот до 03:00 часот на подрачје на Центар и Бит Пазар во Скопје од страна на полициски службеници од СВР Скопје беа преземени соодветни мерки по претходно изготвен план за зајакнати активности за одржување на поволна безбедносна состојба на централно градско подрачје. При тоа извршени се проверки на идентитет на 24 лица, преглед на 17 лица и преглед на четири возила. За време на контролата констатирани се седум сообраќајни прекршоци, одземени се две возила по член 378 и член 380 од Кривичниот законик.

 

ИЗДВОЕНИ