Гевгелиските матуранти го одиграа традиционалниот матурски танц- квадрил

259

Матуранти, 178 на број, од СОУ „Јосиф Јосифовски“, денеска точно напладне,  го одиграа познатиот матурски квадрил, на музика од Штраусовата опера „Лилјакот“, како дел од „Матурска парада 2025“.

Поради лошите временски услови, оваа година, наместо на градското шеталиште, матурантите, своите танчерски способности ги покажаа пред родителите, роднините и граѓаните, во преполнетата спортска сала 26 Април”.

По Штраусовиот квадрил, матурантите, во свој стил, продолжија со играта, овој пат на звуците од познатата песна „Бисер Балкански”.

Пред изведбата, младите положија свечена заклетва за ненасилство, почитување на различностите и промовирање на толеранцијата – чин кој ја одразува нивната определба за подобро и похумано општество.

(Љ.А.)

ИЗДВОЕНИ