Полицијата во Гевгелија спречи обид за убиство, информираше Министерството за внатрешни работи. Гевгеличанка пријавила дека на вратата од нејзиниот дом слушнала репетирање на пиштол и дека нејзиниот поранешен партнер Ј.Г, заедно со лицето Л.Г. тропале и се заканувале.
Полицијата веднаш реагирала. При прегледот на местото, во ормар за чевли бил пронајден пиштол без рамка, а алкотестирањето покажало 3,3 промили алкохол во крвта кај Л.Г.
Двајцата осомничени биле уапсени и за нив ќе следува пријава, соопшти МВР.
Според пријавата, лицата затропале на вратата на 25-годишната М.П. на 13 октомври, кај 14:42 часот. Нејзиниот поранешен партнер, кој е уапсен, успеал да дојде користејќи викенд отсуство од казнено-поправна установа.