Крајот на август и почетокот на септември е сезона на варење слатко од зрели смокви во Гевгелија. Домаќинките низ дворовите ги разгореле огновите, ги наполниле тавите со зрели смокви врз пирустиите, а низ градот се шири опојниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го почувствувате само во Гевгелија. Токму варењето на овој специјалитет беше присутно и на овогодинешниот, трет по ред, фестивал „Вкуси го југот“,своевидна симбиоза на гастрономската традиција, културата и забавата. Екипата на весникот ВЕЧЕР беше привлечена од опојниот мирис на смоквата која доаѓаше од просторот каде се одвиваше фестивалот, и не ја испушти можноста да присуствува на подготовката и самиот чин на варење на овој сладок специјалитет, при што се обиде да открие има ли некаква тајна, зошто токму во Гевгелија се подготвува најубавото слатко од смокви во Македонија.

 

Слаткото од смокви и чаша вода – од памтивека претставувало знак на добредојде во секој гевгелиски дом. Така, било некогаш, така е и денес. Овде, во питомата гевгелиска долина, смоквата е плод на летото, дар на медитеранот и со години, вистински бренд на Гевгелија. Нема гостин кој навратил во овој град а да не замине со торба полна смокви, било свежи било преработени како слатко.

Крајот пак на август и почетокот на септември е сезона на варење слатко од зрели смокви во Гевгелија. Домаќинките низ дворовите ги разгореле огновите, ги наполниле тавите со зрели смокви врз пирустиите, а низ градот се шири опојниот мирис на смоквата. Доживување што можете да го почувствувате само во Гевгелија.
Токму варењето на овој специјалитет беше присутно и на овогодинешниот, трет по ред, фестивал „Вкуси го југот“,своевидна симбиоза на гастрономската традиција, културата и забавата. Екипата на весникот ВЕЧЕР беше привлечена од опојниот мирис на смоквата која доаѓаше од просторот каде се одвиваше фестивалот, и не ја испушти можноста да присуствува на подготовката и самиот чин на варење на овој сладок специјалитет, при што се обиде да открие има ли некаква тајна, зошто токму во Гевгелија се подготвува најубавото слатко од смокви во Македонија.

Одговорот го побаравме од Наде Милкова, која со својот сопруг и со уште три брачни двојки го вареа овој медитерански специјалитет на вториот ден на фестивалот во Гевгелија. Таа, додека внимателно го надгледуваше варењето на сочните смокви , љубезно одговораше на се она што нас не интересираше.

Најнапред, нормално не интересираше рецептот. Рецептот, започна таа го знам од мојата мајка. Најнапред се ставаат смоквите, онолку колку ќе собере тавата. Во мојата денеска ставив 250 смокви. Мерката е едноставна, на 40 смокви се става 1 килограм шеќер и едно литро, литро и пол, вода и лимонтус. Некои домаќинки ставаат и ванила, но јас не го практикувам тоа, рече Милкова

На прашањето има ли некаква тајна за подготовка на слаткото од зрели смокви, таа со насмевка ни кажа дека ако мислиме на некој таинствен рецепт, како оној за „Кока Кола“, таков не постои. Најважни се смоквите, кои во овој дел од државата имаат поинаков вкус поради самото поднебје. Близината на Егејското Море, реката Вардар, како и високите планини Кожуф и Пајак, кои ја делат Гевгелиската од другите котлини, обусловуваат спој на континентална и средоземна клима, погодна за смоквата.

Кога на тоа ќе се додадат големиот број сончеви денови, и ветерот од југот, сето тоа резултира со највкусните смокви во регионот. Сепак, највкусното и најубаво слатко се добива, кога на оваа комбинација што погоре ја спомнав, со блесок во очите ни кажува Милкова, ќе се додаде и голема количина на љубов, внимание и страст кое ќе се внесе во правењето на слаткото. Се разбира, не заборава да напомене таа, важно е и колку вештина се крие во рацете на секоја готвачка.

Не интересираше зошто денеска низ дворовите на гевгеличани нема толку смоквини дрва како некогаш. Милкова вели дека порано традиција било, во секој двор да има засадено дрво смоква и дрво калинка.Можеби, резигнирано заклучува таа, младите повеќе сакаат „модерни“ дворови, бидејќи кога смоквите зреат, паѓаат на земјата и создаваат ѓубре кое мора да се чисти. Затоа, повеќето гевгеличани ги имаат исечено
дрвата со смокви, и ретки се оние кои сакаат да ја зачуват таа традиција, затоа што неповторливо е чувството кога под непцето ќе го почувствуваш вкусот на свежо набрана смоква.

По два и пол часа, слаткото од смокви беше подготвено, а ние имавме таа можност први да го пробаме десертот за кој велат дека е царски во есен и во зима. Уживавме. И, да резимираме, смоквата се смета за рајско овошје кое дава сила, го одржува здравјето, се топи во устите и уште нешто…велат дека ги брише брчките на лицето. (Љ.А.)

ИЗДВОЕНИ