Германските власти уапсија тројца оперативци на „Хамас“ – планирале напади врз еврејски локации

26

Германските власти уапсија тројца странски оперативци на Хамас за кои се сомневаат дека подготвуваат сериозно насилство, соопштија обвинителите денес, пренесува „Хина“.

Обвинителите се сомневаат дека тројцата мажи биле вклучени во набавка на огнено оружје и муниција за Хамас барем од летото оваа година, со намера да нападнат израелски или еврејски институции во Германија.

„Различно оружје беше пронајдено за време на денешните апсења, вклучувајќи автоматска пушка АК-47 и неколку пиштоли, како и значителна количина муниција“, соопштија федералните обвинители во соопштението.

Тројцата беа идентификувани како Ваел Ф. М., роден во Либан, и германските државјани Абед Ал Г. и Ахмад И. Тие беа уапсени во Берлин.

Во февруари, четворица членови на Хамас осомничени за планирање напади врз еврејски институции низ Европа беа изведени пред суд во Берлин, во она што обвинителите го оценија како прво судење на член на исламистичката група во Германија.

„Дер Шпигел“ објави дека истражителите од антитерористичката група ги набљудувале обвинетите како се состануваат во Берлин во среда за да предадат оружје, по што силите интервенирале и ги уапсиле.

ИЗДВОЕНИ