недела, февруари 8, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Германските компании веќе чувствуваат последици од американските царини

Германските компании веќе чувствуваат последици од американските царини

47

Зголемените царини на увозот во САД веќе имаат негативно влијание врз економиите на САД и на Германија, соопшти германскиот економски институт „Ифо“ (ifo).

Според извештајот објавен денеска, речиси 30 отсто од германските компании што планирале инвестиции во САД – ги одложиле, додека 15 проценти целосно ги откажале.

И домашните инвестиции во Германија се погодени – 21 отсто од фирмите ги одложиле планираните вложувања, а 8 проценти ги откажале.

– Секоја трета индустриска компанија очекува пренасочување на трговските релации од САД, а само 17 отсто очекуваат зголемување – наведува „Ифо“.

Повеќе од 60 отсто од анкетираните компании пријавиле негативни последици од американските царини воведени во јануари.

Институтот „Ифо“ секој месец анкетира илјадници компании за да изготви економски прогнози.

 

ИЗДВОЕНИ