Германските банки чуваат 4,2 милијарди евра без сопственици

342

Моментално има дури 4,2 милијарди евра на сметки во германските банки кои формално немаат сопственик. Станува збор за таканаречени неактивни или заборавени сметки, каде што сопствениците починале без наследници или сметките не се евидентирани во никакви документи.

Овој проблем го посочи Кристијан Клајн, професор по економија на Универзитетот во Касел.

Според извештај нарачан од германското Министерство за образование и истражување, некои од овие средства би можеле да бидат поврзани со нелегални активности, како што се трговија со дрога или црни пари. Банките сметаат дека сметката е заборавена ако не можеле да стапат во контакт со сопственикот неколку години. По правило, сметката се затвора по 30 години, но законска одредба му дозволува на сопственикот – ако се појави по 45 години – сè уште да има право на парите.

ИЗДВОЕНИ