Една наставничка во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија е на боледување 16 години и прима целосна плата, но сега Врховниот суд пресуди дека тоа е завршено и дека мора да се подложи на лекарски преглед, објавија денес германските медиуми.
Наставничката од Дуизбург не работи од 2009 година и не држела ниту еден час, но и покрај тоа, таа прима плата од месец во месец, објавува „Билд“. Таа континуирано го продолжувала боледувањето поради ментални проблеми. Во сите тие години, таа само еднаш посетила лекар, а причината за тоа била што покраината Северна Рајна-Вестфалија не издала соодветна наредба. Кога конечно ѝ било наредено да се подложи на лекарски преглед во април оваа година, таа се обидела да го избегне тоа и поднела жалба, наведувајќи дека по 16 години болест што ја спречила да работи, наредбата „веќе не е разбирлива“.
Сепак, Управниот суд во Диселдорф ја отфрли нејзината жалба, а одлуката беше потврдена од Високиот суд на 12 август. Сега, лекар мора да утврди дали наставничката е навистина неспособна за работа, во кој случај таа нема да добива целосна плата, туку намалена пензија и ќе мора сама да ги покрие трошоците за постапката, објави „Билд“.