сабота, јануари 24, 2026
Дома БАЛКАН Германски воен авион поради магла не можеше да слета во Приштина, па...

Германски воен авион поради магла не можеше да слета во Приштина, па се приземји во Скопје

342

Германски воен авион кружеше со часови затоа што не можеше да слета на меѓународниот аеродром „Адем Јашари“ во Приштина поради густа магла, потврди Агенцијата за услуги за воздухопловна навигација.

Според податоците од веб-страницата „Flajtradar24“, авионот на крајот слета во Скопјe.

Дритон Ујкани од Националната администрација за аеронаутика и вселена (ASHNA) изјави дека авионот немал екипаж сертифициран за слетување во услови на слаба видливост, поради што постапката беше продолжена.

– Другите летови се одвиваат нормално – вели Ујкани.

Според податоците од услугата „Flightradar24“, авионот на германската армија полетал од Берлин во 8:40 часот наутро.

ИЗДВОЕНИ