Германски политичар предлага укинување на социјалната помош за Украинците способни за воена служба

98

Во Германија се разгорува дебата за социјалните бенефиции што ги добиваат украинските мажи на воено способна возраст. Политичарот од Христијанско-социјалната унија (CSU), Стефан Мајер, повика на укинување на граѓанскиот доход за сите Украинци на возраст меѓу 18 и 63 години кои не работат или не учествуваат во одбраната на својата земја, пишува германскиот „Билд“.

„Граѓанскиот додаток за украинските мажи кои се способни за воена служба конечно мора да се укине. Ако речиси 151.000 Украинци во таа возрасна група примаат помош, тогаш нешто не е во ред“, рече Мајер во изјава за БИЛД.

Германски таблоид неодамна објави дека украинските мажи го користат таканаречениот „камионски трик“ за да избегнат мобилизација. Станува збор за лажни возачки дозволи за камиони што им овозможуваат легално да ја напуштат земјата. Според германските безбедносни служби и информациите од полските граничари, голем број Украинци го користеле овој метод од почетокот на руската инвазија.

Оттогаш, според „БИЛД“, 304.144 мажи од Украина пристигнале во Германија. Речиси половина од нив, поточно 49,54 проценти, моментално примаат граѓански приход.

ИЗДВОЕНИ