Германија и нејзините европски партнери нема да бидат „уценувани“ од Доналд Трамп, изјави германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбеил, откако американскиот претседател најави дополнителни тарифи за да изврши притисок врз Европа во спорот околу Гренланд.
Германија секогаш ќе се обраќа до Соединетите Држави во потрага по заеднички решенија, но Берлин не може да оди во иста насока како Вашингтон по ова прашање, рече Клингбеил во соопштение.
- И затоа пораката е кристално јасна: нема да бидеме уценувани и ќе има европски одговор, додаде тој.











