Градскиот совет на Ајзенхутенштат во Германија нуди две недели бесплатен сместување за да ги охрабри луѓето да се преселат таму, со што ќе се зголеми населението, пренесе Кликс.ба.
Градот се наоѓа на границата со Полска и на околу 100 километри од германскиот главен град Берлин.
„Проектот е наменет за сите кои се заинтересирани да се преселат во Ајзенхутенштат – како што се оние кои се заинтересирани да се вратат во градот, квалификувани работници или самовработени лица кои бараат промена на околината“, рекоа тие.
Апликациите се отворени до почетокот на јули, а избраните учесници ќе живеат бесплатно во наместен стан од 6 до 20 септември како дел од иновативен проект за имиграција наречен „Jetzt Pläne Schmieden“.
„Тие ќе имаат можност да се запознаат со животот, работата и заедницата на Ајзенхутенштат во 14-дневен пробен период, бесплатно и во центарот на градот“, се вели во соопштението за медиумите.
За да им помогне на учесниците да добијат претстава за градот, советот ќе организира серија активности, вклучувајќи градска тура, фабрика и разни екскурзии. Советот, исто така, ќе ги охрабри учесниците да останат трајно, а локалните компании нудат пракси, работни места и можности за интервјуа.
Според „Си-ен-ен“, Ајзенхутенштат е основан во 1950 година и бил првиот целосно планиран град под социјалистичката влада на Источна Германија. Сместен на бреговите на реката Одра, социјалистичките планери го изградиле градот околу огромна челичарница, објавува Klix.ba.
Порано познат како Сталинштат, бил преименуван по повторното обединување на Источна и Западна Германија по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 година.
Како и многу градови во поранешна Источна Германија, неговото население се намалило по повторното обединување. Некогаш имал повеќе од 50.000 жители, но сега има околу 24.000.
Целта на програмата е да привлече повеќе постојани жители, особено квалификувани работници.
Денес, Ајзенхутенштат е дом на најголемата интегрирана челичарница во источна Германија, во која се вработени 2.500 луѓе, а е и центар за преработка на метал. Многу од зградите од социјалистичката ера се наведени како историски споменици..