петок, февруари 27, 2026
Дома СВЕТ Германската војска планира развој на дронови камикази

Германската војска планира развој на дронови камикази

51

Германските вооружени сили планираат да формираат шест единици кои би користеле камикази дронови, а се очекува првиот од нив да биде оперативен до 2027 година, изјави функционер на Бундесверот, Кристијан Фројдинг, објави денес „Дер Шпигел“.

„Веќе почнавме со тестирање“, рече тој, додавајќи дека се очекува првата батерија со среден дострел да биде оперативна до 2027 година, а потоа уште пет до 2029 година, објави весникот.

Според Фројдинг, камикази дронови можат да кружат над фронтовската линија, а потоа да го нападнат непријателот.

ИЗДВОЕНИ