Германската полиција во близина на Регенсбург го затвори автопатот поради акција за спасување на повредено куче

12

За да спаси повредено куче, германската полиција накратко ги затвори двете ленти на автопатот 93 во регионот Регенсбург, Баварија, и со помош на пожарникарите избеганото куче со повреди, ама живо, е вратено дома.

Кучето во саботата избегало од дома и на автопатот  е удредно од автомобил. Повредено, куцајќи, рането успеало да легне покрај заштитната ографа меѓу лентите на коловозот, пишува агенцијата дпа.

Таму во неделата го забележале минувачи и ја известиле полицијата. Поради опаснот повторно да истрча на патот, полицијата ги затворила лентите во двата правци на автопатот.

Професионални и пожарникари доброволци го фатиле и го однеле на ветеринар каде што го дочекал неговиот 80-годишен сопственик. Кучето е во стабилна состојба, соопшти полицијата.

ИЗДВОЕНИ