петок, јануари 16, 2026
Дома СВЕТ Германската полиција предупреди за опасен пациент кој избегал од психијатриска болница

Германската полиција предупреди за опасен пациент кој избегал од психијатриска болница

122

Германската полиција денес ја предупреди јавноста да биде внимателна во врска со пациент кој избегал од психијатриска болница на езерото Констанца во градот Констанц во покраината Баден-Виртемберг и им порача на граѓаните да не му се приближуваат ако го видат.

Според извештаите, пациентот Монтасар Д. избегал во саботата во 14 часот, а полицијата не можела да го пронајде откако го пребарала подрачјето, објавува „Билд“, додавајќи дека јавноста била предупредена само 23 часа по неговото бегство, иако е опасен пациент.

„Во моментов не може да се исклучи дека бараниот човек е во состојба на ментално растројство и ќе се однесува агресивно кон трети лица ако стапат во контакт со него“, се вели во полициското соопштение.

ИЗДВОЕНИ