сабота, февруари 7, 2026
Дома СВЕТ Германската крајно десничарска партија АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

Германската крајно десничарска партија АфД обвинета за собирање информации за Кремљ

35
EPA/CLEMENS BILAN

Германската крајно десничарска партија Алтернатива за Германија (АфД) е обвинета дека ги користи своите парламентарни прашања за собирање информации што би можеле да бидат од интерес за руските разузнавачки служби, пишува бриселски Политико.

Пратеникот на АфД во парламентот во Тирингија, Ринго Милман, постојано поднесува прашања до регионалната влада во врска со транспортот на западно оружје во Украина и локалните системи за одбрана од беспилотни летала, што предизвика обвинувања од центристичките политичари дека партијата се обидува да открие чувствителни информации на Москва.

Министерот за внатрешни работи на Тирингија, Георг Мајер (SPD), рече дека АфД покажува „неверојатен интерес за критична инфраструктура и безбедносни власти“, додека АфД негира дека дејствувала по наредба на Кремљ.

АфД е позната по своите проруски ставови, вклучително и обновување на економските врски и намалување на воената помош за Украина, истакнува Политико.

Партијата тврди дека нејзините прашања се легитимни и дека владата не е должна да открива чувствителни информации.

Аналитичарите предупредуваат дека иако поединечните прашања не се проблем, збирот на прашања на АфД дава увид во транспортните правци и воената логистика.

Од 2020 година, AfD поднесе повеќе од 7.000 барања поврзани со безбедноста, вклучувајќи речиси 70 проценти од барањата во Тирингија и повеќе од 60 проценти во Бундестагот.

Експертите веруваат дека ваквите практики можат да претставуваат закана за националната безбедност, без разлика дали партијата дејствува во свои интереси или во интерес на Кремљ.

ИЗДВОЕНИ