понеделник, февруари 9, 2026
Дома СВЕТ Германската влада ги одобри законите со кои се прекинува обединување на...

Германската влада ги одобри законите со кои се прекинува обединување на семејствата на бегалци, на ред е Бундестагот

86

Германската влада денеска одобри ограничувања за обединување на семејствата за одредени групи бегалци и заострување на законите за државјанство.

Ограничувањата за семејствата ги таргетираат мигрантите во Германија со таканаречен „статус на супсидијарна заштита“, на кои им е дозволено да останат во земјата поради закана од политички прогон во нивните татковини, и покрај тоа што немаат статус на бегалец, јави ДПА.

Двата предлог-закона, предложени од министерот за внатрешни работи Александар Добриндт, сè уште треба да бидат усвоени во Бундестагот, долниот дом на германскиот парламент.

ИЗДВОЕНИ