Германија во проблеми – 1 милион работни места зјаат празни

245

Повеќе од еден милион работни места останаа непополнети на германскиот пазар на трудот во третиот квартал, бидејќи домашната економија продолжува да слабее и како таква не бара работници, објавува германската новинска агенција (dpa).

Според податоците од Институтот за истражување на трудот и вработувањето (IAB), бројот на отворени работни места се намалил за околу два проценти во споредба со претходниот квартал, на 1,03 милиони.

Сепак, во споредба со третиот квартал од минатата година, падот изнесувал 246.000 работни места, или 19 проценти.

– Побарувачката на пазарот на трудот стагнира на ниско ниво – изјави аналитичарот на IAB, Александар Кубиш.

Според податоците на IAB, на секои 100 отворени работни места во Германија, има 288 регистрирани невработени.

Тоа е 68 лица повеќе по отворено работно место отколку во третиот квартал од 2024 година и 11 повеќе отколку во претходниот квартал.

Околу четири петтини од отворените работни места во третиот квартал мораа веднаш да бидат пополнети, што значи дека односот на сите отворени работни места кон оние што бараат итно пополнување е 2,3 проценти.

– Тоа е речиси двојно повеќе од стапката од 4,5 проценти во последниот квартал од 2022 година и укажува на слаб пазар на трудот – рече Кубиш.

ИЗДВОЕНИ