четврток, февруари 26, 2026
Дома СВЕТ Германија уапси тројца Украинци под сомнение за шпионажа

Германија уапси тројца Украинци под сомнение за шпионажа

61

Германските власти уапсија тројца украински државјани под сомнение дека дејствувале како странски агенти и дека биле вмешани во испраќање пакети што содржат експлозивни направи, соопшти канцеларијата на германскиот федерален обвинител.

Како што е наведено, осомничените биле во контакт со лица кои работат за руски државни институции, објави Ројтерс.

Истрагата е во тек, а понатамошни детали за запленетите материјали и целите на пакетите сè уште не се објавени.

ИЗДВОЕНИ